Пелистер ја започнува новата сезона во европските натпревари – Загреб е прв ривал во Лигата на шампионите


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Пелистер и оваа година е македонскиот претставник во најелитната ракометна лига – Лигата на шампионите. Битолската екипа ја започнува својата трета сезона по ред на европската сцена, со јасна намера за пласман во нокаут-фазата, што досега не било остварено.

Минатото искуство од натпреварите е двојно – пред две сезони, „зелено-белите“ завршија без освоени поени во групната фаза, што беше разочарувачки успех. За разлика од тоа, минатата година завршија со значаен напредок, освојувајќи осум поени и седмо место, по три важни победи против признати противници.

Новата европска кампања Пелистер ја отвора со натпревар дома, каде првиот предизвик е против најславниот хрватски тим – Загреб. Хрватскиот тим, со силен состав, ќе пристигне во Битола, предводен од искусниот плејмејкер и поранешен член на Вардар, Игор Карачиќ, кој и покрај своите години продолжува да биде лидер и двигател на тимот.

Средбата ќе се одигра во спортската сала во Битола, со почеток во 20:45 часот.