Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓
За следната сезона во Лигата на шампионите, ЕХФ го официјализираше распоредот на Пелистер.
Македонскиот шампион ќе игра во група Б каде што се и Барселона, ПСЖ, ГОГ Гудме, Магдебург, Пик Сегед, Загреб и Висла Плоцк.
Распоредот во ЛШ за сезоната 2025/26:
Пелистер ќе го пречека Загреб на 10-ти или 11-ти септември 2025 година.
На 17-ти или 18-ти септември, ПСЖ ќе биде домаќин на Пелистер.
Натпреварот против ГОГ е закажан на 24-ти или 25-ти септември во Битола.
Висла Плоцк го пречекува Пелистер на 08-ми или 09-ти октомври 2025 година.
Барселона ќе гостува во Македонија на 15-ти или 16-ти октомври.
На 22-ри или 23-ти октомври, Пелистер патува во Магдебург.
Потоа, на 12-ти или 13-ти ноември, Пелистер игра против ПИК Сегед.
Еден недела подоцна, на 19-ти или 20-ти ноември, ПИК Сегед ќе ја пречека македонската екипа.
Магдебург пристигнува на гости на 26-ти или 27-ми ноември.
Натпреварот во Загреб е закажан за 03-ти или 04-ти декември.
На почетокот од 2026 година, на 18-ти или 19-ти февруари, повторно ќе се сретнат Пелистер и Висла Плоцк.
Натпреварот против ГОГ е закажан за 25-ти или 26-ти февруари.
На 04-ти или 05-ти март, ПСЖ ќе патува во Битола.
Сезоната завршува со гостување кај Барселона на 11-ти или 12-ти март 2026 година.
Фото: Facebook/RK Eurofarm Pelister