Пелистер и следната сезона ќе игра во ЛШ


Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓


Македонскиот шампион Пелистер доби вајлд-карта и ќе заигра во Лигата на шампиони (ЛШ) и следната сезона.

Европската куќа на ракометот (ЕХФ) ги подели вајлд-картите за следната сезона, а освен Пелистер, истите ги добија и Загре, Нант, Пик Сегед, Кјелце и Динамо Букурешт.

Без место во елитното ракометно натпреварување останаа Елверум, Порто, Татран Прешов, Бидасоа Ирун и Шафхаузен.