Пелистер ќе биде исфрлен од Прва лига?


Манчестер Сити треба да победи - и тоа кога е најтешко! ↓↓↓


Пелистер има сериозни проблеми пред стартот на новата сезона во македонската Прва лига, а доколку наскоро не ги реши, тогаш ќе мора да се збогува со учеството во најсилната лига во Македонија.

Екипата од Битола нема доволно фудбалери за да се регистрира во Првата лига за следната сезона. Тие имаат рок до четврток да најдат 12 фудбалери, а во моментов имаат само пет играчи со професионални договори.

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) испратила писмо до Пелистер со кое побарала од екипата да ја испочитува процедурата до 15 јули и да регистрира 12 фудбалери, а доколку не се случи тоа, тогаш екипата ќе остане без лиценца.

ФОТО: ФК Пелистер