Пелистер склучи нов договор со еден од најважните ракометари


Анде Јанков - автор на крими романи: Блискоста на реалноста и фикцијата! ↓↓↓


По уште една успешна сезона, Еурофарм Пелистер и Усама Хосни ќе ја продолжат соработката и за во идната сезона. Десниот бек и клубот се согласија за нов договор, а надежите за заеднички успеси и освојувања на трофеи остануваат високи.

Минатото лето, Хосни се врати во Македонија и го облече дресот на македонскиот шампион по завршување на плодната сезона 2022/23, по која тој малку време беше отсутен од Битола.

Со 32 години, Хосни досега со Пелистер има освоено еден шампионат и еден Суперкуп на Македонија. Во тековната сезона на Лигата на шампионите учествуваше на 14 натпревари и постигна 24 погодоци.

Репрезентативец на Тунис минатата сезона го носеше дресот на Ал-Араби за периодот 2023/24. Надвор од Македонија и Кувајт, Хосни има настапувано и во неговата родна земја, Франција и Катар.