Пеп добива нов договор, Сити ќе троши големи пари на засилувања


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Манчестер Сити ќе му понуди нов договор на  Пеп Гвардиола откако и дефинитивно стана јасно дека забраната за настап во Лигата на шампионите е укината.

„Мирор“ пишува дека шпанскиот стратег ќе добие значително зголемување на платата доколку се обрзи на нов долгогодишен договор.

Актуелниот договор на Пеп Гвардиола со Манчестер Сити истекува по крајот на следната сезона.

Што се однесува до асилувањата, медиумите во Англија пишуваат дека Сити нема да штеди пари на нив и ќе потроши завидна сума за да го засили тимот ова лето.