Пеп ги разочара фановите на Сити со еднаизјава по натпреварот со Евертон


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Пеп Гвардиола ги разочара фановите на Манчестер Сити откако призна дека клубот нема да купи ниту еден фудбалер во јануарскиот преоден рок.

Се очекуваше во Сити да пристигне стопер по повредите на Џон Стоунс и Ајмерик Лапорте и заминувањето на Винсент Компаниј, но сепак тоа нема да се случи.

„Во јануари нема да купиме ниту едениграч затоа што немавме многу пари за трошење ни во летото, а нема да имаме ни оваа зима. Ќе се држиме до играчите кои ги имаме. Имаме млади играчи на кои можеме да сметаме за во одбраната“ –истакна Гвардиола.