Пеп Гвардиола му зададе тежок удар на Реал Мадрид


Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓


Флорентино Перез има големи планови за летниот трансфер период, но изгледа дека нема да оди сè така глатко како што очекуваше, бидејќи Пеп Гвардиола му го расипа планот што мислеше дека е завршена работа.

Веќе долго време се пишува дека најголема желба на кралскиот клуб е Вилијам Салиба, кој веќе извесно време игра во фантастична форма во Арсенал, и нема да биде изненадување ако на лето реши да го напушти клубот.

Меѓутоа, иако се чинеше дека Реал Мадрид може да биде следната дестинација на Салиба, сето тоа го вклучи Манчестер Сити.

Пеп Гвардиола е голем фан на Салиба и токму него го гледа како нов лидер во одбраната на Сити. Шпанецот сака комплетно да го освежи играчкиот состав на Граѓаните по ужасната сезона и токму Салиба го гледа како идеално решение за одбраната.