Пеп Гвардиола од лето во нов клуб?


До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Сè почесто се поврзува дека Пеп Гвардиола ќе го напушти Манчестер Сити, и разделбата би можела да се случи на крајот од оваа сезона. Познатиот стратег веќе има сериозна понуда, а го повикува тимот чиј дрес некогаш го носеше – катарскиот Ал-Ахли.

Еден од најголемите тренери на сите времиња, Пеп Гвардиола, најверојатно по 10 години ќе го напушти Манчестер Сити. Иако има договор до летото 2027 година, големи се шансите 55-годишникот на крајот на оваа сезона да замине од клубот на кој му донесе најголеми успеси во историјата.

Пеп би можел по 21 година да се врати во Катар. Го повикува Ал-Ахли од Доха, тим во кој поминал две години како фудбалер.

Англиските медиуми пишуваат дека Ал-Ахли е подготвен да издвои огромни средства за да го доведе Гвардиола. Овој тим има големи планови за иднината и со Пеп сакаат да тргнат по титулата првак, прва во историјата.