Пеп Гвардиола веднаш се огласи за клаузулата која ќе му овозможи да си оди од Сити по крајот на сезоната


Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓


Во текот на денешниот ден излегоа шпекулации дека Пеп Гвардиола во својот договор со Манчестер Сити има клаузула која може да му дозволи да си замине од клубот 12 месеци пред истекот на неговиот договор.

Актуелниот договор на шпанскиот интернационалец истекува во 2021 година, а засега нема најави дека истиот ќе биде продолжен.

Гвардиола неодамна изјави дека сака да го продолжи договорот со Манчестер Сити и дека не би имал ништо против тоа да се случи наскоро.

„Не, не е вистина тоа со клаузулата. Веќе ви кажав пред неколку недели за мојата намера со овој клуб“ –изјави Пеп Гвардиола.