До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Пеп Гвардиола сè уште не се откажува од борбата за Премиершип, но секако има и големи амбиции во Лигата на шампионите со Манчестер Сити.
Откако претходно донесе неколку засилувања, Пеп Гвардиола сака до крајот на јануари да донесе и десен бек.
Наводно, започнале преговори со Реал Мадрид за доведување на некогашниот играч на Ливерпул, Трент Александар-Арнолд.
Јасно е дека трансферот на Етихад би го нарушил угледот кој го има меѓу навивачите на Ливерпул, но прашање е колку тоа ги загрижува Англичаните.
Односот на Трент Александар-Арнолд со навивачите на Ливерпул веќе е нарушен поради неговото заминување од Анфилд и потписот со Реал Мадрид.
















