Пеп и Барса во кофликт поради “новиот Нејмар”


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Младата надеж од Бразил е на пат да го запали трансфер пазарот.

Момчето Габриел Жесус е на пат да “скара” многу евроспки гиганти.

Дебитираше во сениорскиот фудбал само пред една година, а на крајот од својата прва сезона беше прогласен за најдобар новајчија во бразилската Серија А.

Претходно тој се поврзуваше со Јувентус, а веќе некоевреме  го следат и луѓе од Барселона и Манчестер Сити. Токму Барса и Сити се истакнуваат како главни фаворите за негово доведување. Покрај тоа во Каталонија се шпекулира дека

Нејмар би можел да замине, па многумина го сметаат Жесус за одлична замена, од друга страна тој е желба и на Гвардиола кој сака да го засили тимот со квалитетни млади играчи и побарал од управата да му го доведат 19 годишниот Бразилец од редовите на Палмеирас.

Барселона е спремна да понуди 19 милиони евра, додека од Сити би ја платиле неговата клазула која изнесува околу 24 милиони евра, па сега тие се во пол позиција да го ангажираат.

Во договорот на Жесус стои ставка според која клазулата би се зголемила на 40 милиони евра доколку тој не го напушти клубот ова лето.