Пеп најави добри вести – ќе добие „засилување“ во борба за титулата!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Тренерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола кажа дека рехабилитацијата на Кевин де Брајне тече по планот.

Де Брајне се повреди на 20 јануари на натпреварот против Астон вила во Премиерлигата, а првите прогнози беа дека ќе паузира од четири до шест недели.

„Де Брајне уште не почна со целосни тренинзи. И понатаму работи индивидуално, но се чувствува добро, и тоа многу добро“, кажа Гвардиола.

На „граѓаните“ им оди добро и без Де Брајне, а во Премиерлигата се наоѓаат на првата позиција со пет бодови повеќе и еден меч помалку од Манчестер јунајтед.