Пеп не може да верува: Ова е непријатно за Тухел и ѕвездите на Челси!


Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Тренерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола сочуствува со ситуацијата во која се наоѓаат фудбалерите и стручниот штаб на Челси.

Имотот на рускиот милијардер Роман Абрамович беше „замрзнат“, а со него заедно и Челси, кој игра во Премиерлигата со посебна дозвола на Владата на Велика Британија.

„Во текот на пандемијата баравте да зборуваме како доктори. Ние сме лице на клубот, секои три дена сме тука и вие прашувате што сакате, треба да зборуваме за теми кои ги познаваме. Ова е тешка ситуација за сите, а посебно за Челси. Мора да им е непријатно, тренерот Томас Тухел е во тешка позиција“, вели Гвардиола.

Засега не е познато што ќе се случи со премиерлигашот, кој не може да прави трансфери и да потпишува нови договори, а почна да ги губи и спонзорите.