Пеп откри зошто го заменил Халанд по петтиот гол против Лајпциг


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Пеп Гвардиола доби критики од навивачите затоа што го замени Ерлинг Халанд по неговиот петти гол против Лајпциг.

Норвешкото чудо од дете постигна пет гола против бундеслигашот и му помогна на Манчестер сити да обезбеди четвртфинале.

Халанд испиша историја и стана трет фудбалер кој постигнал пет гола на меч во ЛШ, откако тоа пред него го направија Лионел Меси и Луис Адријано.

Иако се очекуваше Халанд да постигне и шести гол до крајот на натпреварот, сепак Гвардиола во 63. минута го замени Норвежанецот.

„Доколку направи такво нешто на 22 години, ќе му стане досадно во иднина. Затоа решив да направам промена“, кажа Гвардиола.