Пеп потпиша нов договор со Сити: Среќен сум што ќе останам!

Пеп Гвардиола уште вчера постигна договор со Манчестер сити, како што објавија англиските медиуми, но истиот денеска беше официјално потврден од актуелниот шампион.

Гвардиола кажа дека сè уште е гладен за титули и успеси со „граѓаните“ и мисли дека ќе освои уште неколку пехари.

„Среќен сум што ќе останам во Сити. Имам сè што ми е потребно да си ја вршам работата на најдобар начин. Знам дека следна етапа на клубот во следните 10 години ќе биде исто така добра како во претходните 10. Тимот е стабиле и од првиот ден се чувствувам специјално“, кажа Гвардиола.