Пеп тргна две ѕвезди од стартниот тим, па доби остра порака!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Фил Фоден и Џек Грилиш беа одлични против Лидс, по што решија да се опуштат и затоа ги немаше во составот за натпреварот против Њукасл.

Англиските медиуми конечно објавија зошто тренерот Пеп Гвардиола донел таква одлука, а станува збор за тоа што Фоден и Грилиш решиле да излезат на забава.

Следниот ден Гвардиола не бил среќен со нивните тренинзи, а почуствувал и алкохол кај ѕвездите, па затоа ги испратил на „одмор“.

„Не, тоа не е одлука поради замор или ротација. Решив да не ги пуштам на теренот бидејќи има други фудбалери кои заслужуваат да играат. Во текот на Божиќ повеќе внимание треба да посветиме на теренот, а ние мора да бидеме фокусирани постојано и не смееме нешто да ни ја уништи атмосферата“, кажа Пеп.