Пепе им се извини на сите, но не и на Алиоски!


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Ѕвездата на Арсенал, Николас Пепе направи инцидент со Езгјан Алиоски, кога го удри со глава во стилот на Зинедин Зидан, по што заработи директен црвен картон, а веднаш потоа се создаде бура на социјалните мрежи.

Најпрво Тирни сакаше да го тепа македонскиот репрезентативец на крајот на натпреварот меѓу Лидс и Арсенал (0-0), а потоа беа испратени голем број закани кон Пепе и Алиоски од навивачите.

Пепе реши да им се извини на сите преку социјалните мрежи, но не и на Алиоски, колку што може да се заклучи според пораката.

„Го оставив тимот на цедило и нема изговор за однесувањето. Жал ми е, сакам да им с еизвинам на навивачите, на соиграчите, на тренерот и на сите во клубот“, напиша Пепе.