„Пепе се бунеше за пенал, ама замолче кога му реков дека голот на Реал не е регуларен!“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Марк Клатенбург зад себе има голема судиска кариера во која судеше на големи фудбалски натпревари, меѓу кои и финалето на Европското првенство, Лигата на шампиони и ФА-купот.

Без оглед на успешната кариера, не можеше да избегне и некои тешки моменти на теренот. Во моментов работи како колумнист за „Дејли Мејл“, а во разговор со Крег Хоуп откри имиња на петмина фудбалери со кои има најлошо искуство.

Тоа се Крег Белами, Рој Кин, Јенс Леман, Пепе и Џон Оби Микел, а раскажа и еден момент со Пепе, поранешниот стопер на Реал Мадрид.

„Тој беше еден од фудбалерите кои беа напорни. Натпреварот би можел да биде решен ако паднете на неговите трикови. Реал во финалето водеше со 1-0, а јас досудив пенал за Атлетико, по што Пепе почна да се буни. Сепак, му реков дека првиот гол на Реал не требало да важи, по што тој се замолче“, раскажа Клатенбург.