Пепе: Страдав со денови, немаше да биде фер ако останевме без место во Катар


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Португалскиот дефанзивец Пепе мораше да го прескокне мечот против Турција во полуфиналето на баражот за пласман на Мундијалот во Катар бидејќи имаше позитивен тест на ковид-19.

Дефанзивецот на Порто одигра одличен меч против Македонија и ги запре нашите репрезентативци во обидите да стигнат до погодок.

„Страва со денови, сите знаат дека се грижам за себе, но овој пат не беше до мене. Ми беше тешко затоа што не можев да му помогнам на тимот. Меѓутоа, среќен сум што се рехабилитирав на време и настапив против Македонија. Го заслуживме овој успех, немаше да биде фер ако останевме без место во Катар“, вели Пепе.