Безбедни ли сме? Колку во Македонија се вложува во безбедност и заштита? ↓↓↓
Реал Мадрид во недела оствари важна победа против Селта Виго (3:2), па остана во игра за титулата, иако „Кралевите“ и понатаму имаат -4 во однос на Барселона.
Во Мадрид не ги спуштија рацете од титулата, иако не изгледа лесно да се биде првак покрај Барселона која игра одлично, има четири бода предност и со сето тоа игра наредниот викенд на својот стадион против Реал…
Сепак, Реал нема што да загуби, веќе остана без Суперкупот, Купот, Лигата на шампионите, па сака да се обиде да направи чудо во Ла Лига. Игрите на одредени фудбалери охрабруваат пред тој клучен меч во Барселона, особено момчето кому сите му се восхитуваат.
Арда Гулер денеска постигна гол и асистенција против Селта и изгледа дека пред него е голема иднина. Клубот го донесе во летото 2023 година од Фенер, а сега запиша 50-ти настап, поради што неговиот поранешен клуб ќе заработи дополнителни 4 милиони евра бонус.
Одуушевениот Перес наводно во еден момент му рече на Арда дека не би го продал ни за 100 милиони евра, а овие зборови секако многу значат на младиот играч од средината, особено кога се знае дека во еден момент зимата беше извесно дека ќе си замине.
Фото: Принтскрин