Перес со одлуката дефинитивно ја запечати судбината на Арбелоа, веќе се знае кој ќе биде новиот тренер на Реал?


До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Реал Мадрид ова лето речиси сигурно ќе го промени тренерот, а Флорентино Перес донесе одлука која дефинитивно ја запечати судбината на Алваро Арбелоа, но изгледа дека откри и кој е главен фаворит за новиот тренер на кралскиот клуб.

Реал Мадрид поминува низ многу турбулентен период откако овој тим испадна во четвртфиналето на Лигата на шампиони и веројатно втора година по ред ќе заврши без трофеј.

До крајот на сезоната ќе ги гледаме Кралевите само во Ла Лига каде што имаат шанса да стигнат до трофејот, но тоа ќе биде многу тешко со оглед на тоа дека Барселона моментално има девет бодови предност на табелата.

Уште една сезона за заборав предизвика големо незадоволство на претседателот на клубот Флорентино Перес кој најави промени во играчкиот кадар на лето, но изгледа дека прв „ќе ја плати цената“ тренер Алваро Арбелоа.

Медиумите во Шпанија пишуваат дека Перес дефинитивно одлучил на лето повторно да доведе поискусен тренер и не сака млад стручњак со оглед на тоа што смета дека му е потребен „стар лисац“ кој може да го врати Реал на врвот.

Тоа е јасна порака до Арбелоа дека од нов договор нема ништо и дека на лето може да бара нова работа.

Кога станува збор за новиот тренер на Реал изгледа дека се знае кој е главниот фаворит да ја превземе жешката клупа на кралскиот клуб.

Тоа е Жозе Мурињо кој покажал голема желба да се врати во Реал каде што во првиот мандат не се докажа премногу, и за него тоа би била неочекувана нова шанса да покаже дека заслужува да биде на чело на еден од најголемите клубови на светот.