Перез ѝ објави војна на Барселона (Видео)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Реал Мадрид пред два дена славеше против Брага со 2-1 во третото коло од групната фаза во Лигата на шампиони (ЛШ), а навивачите го навредуваа Бразилецот Винисиус Жуниор.

Жуниор ги налути навивачите, кои го навредуваа на расна основа, а потоа се јави членот на управата на Барселона, Микел Кампс.

„Не е расизам, но заслужува шлаканица затоа што е клов. Овие потези се непотребни на фудбалскиот терен“, објави тој, по што го избриша статусот по жестоките реакции од јавноста.

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез се налути поради овој коментар и реши да не присуствува на „Ел Класико“ во Каталонија.