Перез донесе одлука која ќе го избрка Зидан од Реал Мадрид?


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез е голем противник на зимските трансфери, па најверојатно нема да ги ангажира Кристијан Ериксен, Дони ван де Бек, како и Пол Погба.

„Кралевите“ сите парични средства ќе ги чуваат за на лето, кога ќе тргнат во напад на Килијан Мбапе, кој е прва опција и за него ќе биде урнат светскиот рекорд со понуда од 300 милиони евра.

Што се однесува до зимскиот преоден рок, Иско би можел да го напушти клубот, а тренерот Зинедин Зидан не е задоволен со моменталната ситуација во клубот, па доколку не се засилат во јануари, тогаш би можел да го напушти кормилото на шпанскиот гигант.

Се шпекулира дека Перез сака да го изнервира Французинот за да си замине сам, за да може потоа да го ангажира Жозе Мурињо, но засега тоа остануваат само приказни.