Пeрез донесе одлука која го шокираше Мaдрид


До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Првиот човек на Реал Мaдрид, Флорентино Пeрез, е подготвен да направи одредени промени во тимот за следната сезона, но еден негов потег ги шокираше навивачите на кралскиот клуб. Наместо нов дефанзивец, во клубот ќе остане Aнтонио Рyдигер.

Реал Мaдрид веќе неколку месеци се поврзува со бројни играчи кои би можеле да го засилат дефанзивниот ред на кралскиот клуб. Одредени доаѓања на Сaнтиаго Бернабеу ќе има, но Флорентино Пeрез не сака да „дивее“ со понуди, како што прават некои други клубови.

Вистина е дека кралевите бараат дефанзивец, но на крајот во клубот би можел да остане отпишаниот Aнтонио Рyдигер. Причината се огромните суми кои за потписот ги бараат играчите кои Реал ги скаутирал, а Перез не сака да дава премногу пари.

Kастело Лукеба и Ибрахима Конате се моментално скапи опции. Поради тоа, шефот донесе одлука да му се даде шанса повторно на Рyдигер.

“До крајот на сезоната, Рyдигер ќе биде под монитори. Флорентино Пeрез знае колку е тој важен кога е подготвен. Сака да му даде нов едногодишен договор, освен ако не се случат одредени здравствени проблеми”, се вели и додава:

“Ако има проблеми, Реал ќе мора да реагира. Меѓутоа, Лукеба и Конате се прескапи опции. Лукеба чини барем 50 милиони евра, а Конате сака бонус за потпис меѓу 15 и 18 милиони евра.”