„Перез е егоист, тој мисли само на Реал Мадрид!“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез го навлече бесот од светската јавност затоа што беше еден од главните луѓе кои сакаа да создадат европска Суперлига.

Перез требаше да биде претседател на новото натпреварување, но тоа заврши уште пред да почне, а критиките кон првиот човек на „кралевите“ не стивнуваат.

„Перез е егоист, егоист и егоист. Тој мисли само на Реал Мадрид. Негова цел не е да дојде да спаси други клубови, како Виљареал…“, кажа претседателот на Виљареал.

Англиските гиганти вчера се повлекоа од идејата за создавање на европска Суперлига, а засега нема реакција од Реал Мадрид.