Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез присуствуваше на промоцијата на новото засилување Лука Јовиќ.
Јовиќ денеска беше претставен како нов напаѓач на „кралевите“, а тие за неговиот потпис ќе треба да му платат 60 милиони евра на Ајнтрахт Франкфурт.
„Ова е почеток на нов проект за следната сезона. Знаеме дека мораме да работиме напорно, зашто резултатите не беа такви какви што очекувавме. Овој клуб не се откажува и ние тоа ќе го докажеме. Пред Јовиќ е голем предизвик и се надеваме дека ќе ни помогне да освоиме уште многу трофеи. Многу сме горди затоа што ни рекоа дека си спиел со дресов кога си бил мал“, кажа Перез.