Перез е во војна со Тебас – ќе го сели Реал Мадрид во Премиерлигата!?


Само Португалија е сигурна, Белгија се тресе! ↓↓↓


Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез влезе во војна со првиот човек на Ла Лига, Хавиер Тебас затоа што нема можност да заработува повеќе пари.

Перез сакаше да создаде Суперлига, но не му успеа поради УЕФА, па сега бара друго решение, а „Мундо Депортиво“ ги открива деталите.

Првиот човек на „кралевите“ почнал да бара начин како да го пресели Реал Мадрид во Премиерлигата, иако такво нешто во моментов делува невозможно.

Ниту една држава не се очекува да ги прекрши правилата и да му дозволи на „кралскиот клуб“ да се пресели во нивната лига, па така оваа желба на Перез дефинитивно нема да се реализира, иако делува лудо на прв поглед.