Перез ги навредувал Раул и Касиљас, па сега се брани: Јас не мислев така!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез се јави во јавност поради спорните снимки од 2006 година, кои се појавија во јавност.

Во тие снимки Перез ги нарече Раул и Икер Касиљас како најголеми измамници во клубот.

„Објавените цитати се дел од разговорот кој го сними господин Хозе Антонио белан и кој веќе со години без успех се обидува да ја продаде снимката. Ме чуди како тоа беше објавено дури денес, со оглед на времето кое мина“, вели Перез.

Перез смета дека причина за таквиот потег е неговата идеја за Суперлига.

„Факт е дека се објавени сега, многу години по тој разговор, а тоа покажува дека ова е намерно направено. Снимкава се појави поради Суперлигата, а цела работа сега е во рацете на моите адвокати“, соопшти претседателот на Реал.