Перез ги носи Мбапе и Халанд во нападот на Реал Мадрид!?


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез наводно имал план на лето да ги ангажира Килијан Мбапе и Ерлинг Халанд со што шпанскиот гигант би станал незапирлив за ривалите.

„Ле Паризиен“ објави дека Перез сака да потпише договори со двајцата фудбалери, а во моментов има испратено понуда до Мбапе кој од идното лето е слободен играч.

Мбапе би можел да се пресели во Мадрид по завршување на сезоната како слободен агент, но за тоа ќе добие голем бонус од Перез.

Халанд има договор со „граѓаните“ до 2027 година, но и желба да игра за „кралевите“, па Перез нема да штеди пари за да го обезбеди неговиот потпис идното лето.

Ова делува како нереален план во моментов, но Перез и во минатото носеше ѕвезди во Мадрид, па сигурно ќе се обиде такво нешто во јуни.