Перез го договори Дејвис, па заедно со Белингам „крои“ план за уште една ѕвезда


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Реал Мадрид останува фокусиран на остатокот на сезоната во која ќе се борат за неколку пехари, но претседателот Флорентино Перез веќе размислува и на потенцијални засилувања.

„Кадена Сер“ објави дека Перез се договорил со Баерн Минхен за Алфонсо Дејвис кој ќе биде платен 50 милиони евра.

Тука не планира да запре Перез затоа што веќе побарал помош од Џуд Белингам да го убеди Маркус Рашфорд од Манчестер јунајтед да се пресели во Мадрид.

Перез сака да го искористи Родриго Гоес во реализирање на трансферот на Рашфорд, а очигледно „црвените ѓаволи“ немаат ништо против идејата да потпишат со Бразилецот.