Перез го има списокот: Реал Мадрид сака да ангажира три ѕвезди следното лето?


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Европскиот и шпански шампион Реал Мадрид ова лето не успеа да го ангажира Килијан Мбапе, но сепак го купи Орелиен Чуамени за 75 милиони евра од Монако, додека Антонио Рудигер пристигна како слободен фудбалер.

Реал Мадрид веќе е со мислите на следното лето, а скаутите ќе следат тројца фудбалери на кои за една година им завршуваат договорите, а тоа се Јури Тилеманс од Лестер, Ријад Марез од Манчестер сити и Серж Гнабри од Баерн Минхен

Гнабри и Марез се во преговори со своите клубови за нов договор, па идејата на „кралевите“ да ги ангажираат бесплатно на крајот би можела да пропадне.

Реал покажа интерес и за големиот талент на Борусија Дортмунд, Џуд Белингам, кој го следат уште неколку европски гиганти.