Перез го избрал наследникот на Анчелоти


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Ова најверојатно ќе биде последна сезона на Карло Анчелоти на кормилото на Реал Мадрид, а Флорентино Перез долго време размислуваше кој ќе биде негов наследник.

Анчелоти следната сезона би можел да го преземе Бразил, но главна тема е неговата замена во Мадрид. Наводно, Перез решил да го ангажира Чави Алонсо од Баер Леверкузен.

Алонсо најави дека ќе има добра тренерска кариера со неговите резултати во Леверкузен, а и оваа сезона Баер игра добро, па го дели првото место со Баерн Минхен со по 13 освоени бодови.

Неговата визија ја препознал и Перез, кој сака да го ангажира Алонсо, кој во минатото го носеше дресот на „кралевите“ и како фудбалер.