Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Шпанскиот фудбалер Марко Асенсио ќе биде еден од играчите кои летово ќе го напуштат Реал Мадрид, а веќе се работи на негов трансфер во Манчестер јунајтед.
Претседателот на „кралевите“, Флорентино Перез не е среќен со Асенсио и неговата плата, па затоа реши да се ослободи од неговите услуги, а „Релево“ објави дека најсериозен кандидат за неговиот потпис е Манчестер јунајтед, кој нуди 30 милиони евра.
На Реал ова ќе му биде последна шанса да заработи пари од трансферот на Асенсио, кој има договор до следното лето и потоа може да замине бесплатно.
За Асенсио се заинтересирани и неколку други тимови од Англија и Италија, но сепак „црвените ѓаволи“ се најсериозен кандидат за неговиот потпис.