Перез го понижи Мбапе како никој друг


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Францускиот напаѓач Килијан Мбапе летово го продолжи договорот со ПСЖ, иако долго време се шпекулираше дека ќе потпише за Реал Мадрид, но сепак тоа не се случи и ги налути главните луѓе на шпанскиот првак.

Мбапе неодамна кажа дека е среќен во Париз, но тоа не ги запре шпекулациите кои го селат во шпанскиот гигант, па така новинарите на церемонијата за доделување на „Златната топка“ го прашаа претседателот на Реал, Флорентино Перез што мисли за иднината на Мбапе.

„Мбапе? Можам да кажам дека не ги читам шпекулациите во медиумите. Ние имаме голема иднина пред нас. Тука се Винисиус и Родриго, кои се вистински ѕвезди и во иднина мислам дека ќе бидат добитници на ‘Златната топка’“, кажа Перез.