Перез го продава „бунтовникот“ – за 150 милиони евра може да замине од Мадрид


Време е за фудбалска класика: Шпанија - Италија! ↓↓↓


Флорентино Перез не сака незадоволни фудбалери во соблекувалната на Реал Мадрид и поради тоа сака да го продаде Родриго.

Родриго пристигна во Мадрид во 2019 година, откако Флорентино Перез реши да плати 45 милиони евра.

Незадоволството кај Родриго се појави откако „кралевите“ потпишаа договори со Килијан Мбапе и Ендрик, затоа што со тоа ќе се намали неговата минутажа.

Перез наводно е подготвен да го продаде Родриго ова лето, а за неговите услуги бара 150 милиони евра.