Перез го пронајде првиот „галактикос“ за 2025 година


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Реал Мадрид наскоро ќе го промовира Килијан Мбапе како најново засилување, а претседателот на шпанскиот клуб Флорентино Перез веќе размислува за нови засилувања.

Перез подготвува нова трансфер-бомба за 2025 година, односно сака да го купи фудбалерот на Баер Леверкузен, Флоријан Вирц.

Вирц во минатото зборуваше дека сака да игра за Барселона, но најверојатно не би имал ништо против да го облече дресот на „кралевите“.

Леверкузен нема евтино да го продаде својот бисер туку ќе бара околу 150 милиони евра за неговиот трансфер.

Вирц имаше одлични настапи оваа сезона, односно постигна 18 голови и 20 асистенции на 49 меча за „фармацевтите“.