Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Реал Мадрид во текот на летниот преоден рок се обиде да го купи Килијан Мбапе од ПСЖ, но претседателот Флорентино Перез не успеа во неговата намера, па затоа сака следното лето да донесе четири фудбалски ѕвезди.
Една од нив е Антонио Рудигер, кој не може да се договори со Челси за нов договор, а последната понуда која ја доби од „сините“ е осум милиони евра годишно, па доколку не стави потпис на нова соработка, тогаш од јануари може да почне преговори со останатите тимови.
Перез ќе продолжи со трансферите и ги сака Мбапе и Пол Погба, кои имаат договори до крајот на сезоната, а тие не кријат дека сакаат да се преселат во Реал Мадрид.
Последен на листата со желби е Франк Кеси од Милан, кој исто така преговара за нов договор, но засега не им одат добро разговорите.