Перез и Анчелоти го „скенираат“ пазарот – се подготвува најскапиот трансфер во историјата на Реал Мадрид


Нема одмор, по ЛШ не чека супер викенд: Тука е и Фантази! ↓↓↓


Реал Мадрид во моментов има моќен тим, но претседателот Флорентино Перез и тренерот Карло Анчелоти сакаат уште неколку засилувања.

Шпанските медиуми пишуваат дека „кралевите“ во моментов го „скенираат“ Флоријан Вирц од Баер Леверкузен.

Вирц импресионира со настапите за „фармацевтите“ во минатата сезона и ја освои Бундеслигата, а следното лето се очекува да го промени клубот.

Перез наводно планира да го направи најскапиот трансфер во историјата на „кралскиот тим“ затоа што ќе плати над 120 милиони евра, колку што изнесуваше претходниот рекорд за Еден Азар.