Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Францускиот фудбалер Килијан Мбапе долго време се поврзуваше со Реал Мадрид, но најверојатно такво нешто нема да се случи на крајот, а „Мундо Депортиво“ објави интересна приказна, која секако е лажна и служи како шега.
Според приказната, Флорентино Перез решил да се откаже од младиот напаѓач, кој би можел да се пресели во Барселона, која наскоро ќе го пушти и реновираниот „Камп Ноу“ и притоа сака да претстави бомбастично засилување.
Барселона очекува и бонус од Суперлигата по што ќе тргне по потписот на Мбапе, а медиумите пишуваат дека Флорентино Перез и Жоан Лапорта веќе имале состанок.
Каталонскиот гигант ќе даде целосна поддршка на Реал Мадрид во проектот за Суперлигата, а за возврат „кралевите“ прифатиле да се откажат од Мбапе.
Приказната вели дека Мбапе на дербијата против Реал Мадрид не смее да шутира и со десната нога.