Перез испланира сè – покер „галактикоси“ за две години, првиот доаѓа летово!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Реал Мадрид направи план од кој никој нема да отстапи. Тие го продадоа Ашраф Хакими, па сигурно ќе се ослободат од уште неколку фудбалери.

Герет Бејл не може да го избркаат, па нема ниту многу да купуваат, а планот во следните две години е да се донесат четири „галактикоси“.

Шпански „АС“ пишува дека ќе пристигне Беноа Бадиашил од Монако, а неговата цена изнесува околу 40 милиони евра.

Следното лето треба да пристигне нов тандем од Франција, а тоа се Камавинга и Мбапе. Одличниот напаѓач на ПСЖ може да потпише нов договор или едноставно да се пресели во следните 12 месеци, а Перез не сака да ги уништи односите со ПСЖ во моментов и мирно го чека исходот.