Перез ја избра „жртвата“ поради трансферот на Мбапе


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Килијан Мбапе на лето ќе му се приклучи на Реал Мадрид, а претседателот на клубот, Флорентино Перез избра „жртва“ поради трансферот.

Договорот на Мбапе завршува на 30 јуни и фудбалерот уште во февруари на сопствениците на клубот им кажа дека решил да замине на лето и дека нема намера да остане во Париз.

Неговата одлука ќе предизвика одредени потези во Мадрид, па така Перез ќе го „жртвува“ Родриго кој ќе замине за сума од 120 до 150 милиони евра.

За потписот на Родриго се заинтересирани Манчестер јунајтед и Челси, иако гигантот од „Олд Трафорд“ е поблиску до реализирање на трансферот.