Перез ја најде замената за Бензема: Реал Мадрид ќе го купи Кејн!?


Само Португалија е сигурна, Белгија се тресе! ↓↓↓


Капитенот на Тотнем, Хари Кејн влезе во последната година од неговиот договор и Реал Мадрид сака да ја искористи ситуацијата и да го добие неговиот потпис.

Англискиот напаѓач веќе неколку сезони игра на врвно ниво, а „кралевите“ сакаат да го купат за 100 милиони евра, иако тоа делува како мала сума во моментов.

Кејн и претходно се поврзуваше со заминување од Тотнем, а како потенцијални дестинации се споменуваа Манчестер сити во 2021 година и Баерн Минхен минатото лето.

Овој 29-годишен напаѓач сака нов предизвик, а дефинитивно би можел да биде предводник на шпанскиот шампион во иднина, откако Реал Мадрид претходно не успеа да ги купи Килијан Мбапе и Ерлинг Халанд.