Перез ја откри судбината на Анчелоти во Реал Мадрид


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Шпанските медиуми често шпекулираат дека Карло Анчелоти ќе си замине од Реал Мадрид на крајот на сезоната, но претседателот на клубот, Флорентино Перез ја откри иднината на Италијанецот.

Перез инсистира дека Анчелоти ќе остане на тренерската клупа на „кралевите“ и во идната сезона без разлика на резултатите оваа година.

„Не сакам да слушам повеќе шпекулации за тоа, имаме договор со Анчелоти и среќни сме“, кажа Перез.

Анчелоти го предводи шпанскиот гигант од 2021 година, а во овој мандат ги освои титулите во Ла Лига, шпанскиот Суперкуп, Лига на шампиони, Суперкупот на УЕФА и Светското клупско првенство.