Перез ја згасна и последната надеж во ПСЖ за Мбапе


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Килијан Мбапе веќе неколку дена се наоѓа во центар на внимание поради неговиот потенцијален трансфер во Реал Мадрид.

Мбапе наводно веќе им кажал на неговите соиграчи дека не сака да остане во Париз по крајот на актуелната сезона, а француските медиуми објавија дека Флорентино Перез веќе ги договорил сите детали.

„Л’Екип“ објави дека Мбапе потврдил дека на лето ќе потпише за „кралскиот клуб“, а засега не се откриваат детали од финансискиот договор.

Интересно е тоа што и пред две години Мбапе и Реал имаа усен договор, меѓутоа на крајот Французинот реши да остане во ПСЖ.