Перез ќе го растури бразилскиот тандем во Реал Мадрид


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Килијан Мбапе на лето ќе се пресели во Реал Мадрид, откако реши да замине бесплатно од ПСЖ, а тоа значи дека во шпанскиот гигант ќе има одредени промени.

„Кралевите“ ќе мора да се ослободат од дел од ѕвездите, а англиските медиуми пишуваат дека Флорентино Перез решил да го продаде Родриго.

За услугите на Родриго е заинтересиран премиерлигашот Манчестер јунајтед, а новиот газда Џим Ретклиф планира да плати 150 милиони евра.

Ретклиф наводно ќе тргне по потписот на Бразилецот во текот на летниот преоден рок.