Перез му дозволи на Мбапе нешто што не смее ниту еден друг играч на Реал Мадрид!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Флорентино Перез со сите сили сакаше да го донесе Килијан Мбапе во Реал Мадрид. Желбата му се исполни летово кога Французинот пристигна бесплатно од ПСЖ, но за потписот според неофицијални информации доби повеќе од 100 милиони евра. Играјќи за ПСЖ, Мбапе стекна статус на разгален фудбалер бидејќи на „Паркот на принцовите“ уживаше во огромен луксуз и имаше одредени привилегии како ниту еден друг играч.

Изгледа дека слично се случува и во Мадрид бидејќи Флорентино Перез му дозволи на Мбапе нешто што на ниту еден друг играч на Реал не му дозволил, што доволно говори колку е слаб на него.

Имено, според извештаите од Франција, Реал Мадрид му дал дозвола на Мбапе да си даде малку одмор и да посети ноќен клуб во Стокхолм.

Мбапе навистина ретко се критикува за својот професионализам, но моментот кога ќе одлучи да оди во ноќен клуб е навистина чувствителен ако се земат во предвид сите околности.

Одличниот напаѓач го пропушти собирот на репрезентацијата на Франција бидејќи не беше доволно подготвен и сакаше да се фокусира на опоравување и продолжување на сезоната со Реал.

Ноќта кога Французите го играа својот натпревар во Лигата на нациите, Мбапе беше на лудa забава, нешто што му се особено замерува.

Исто така, изненадувачка е и одлуката на Перез да му дозволи на Мбапе да се забавува додека се опоравува од повреда и тоа по прилично „тивкиот“ почеток во Реал.