Перез на „докторски начин“ го измамил Лапорта и цела Барселона!?


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Летниот преоден рок е пред самиот крај, а се очекуваат уште неколку трансфер-бомби до крајот на месеци, меѓу кои едната треба да биде преселбата на Килијан Мбапе во Реал Мадрид.

Шпанските медиуми пишуваат дека Мбапе ќе го засили Реал Мадрид и ПСЖ решил да продаде еден од најдобрите играчи во светот.

Мбапе одби да ја продолжи соработката со францускиот гигант, а раководството на парижаните смета дека е подобро да заработат на негов трансфер, отколку да го загубат бесплатно.

Французинот ќе ги чини „кралевите“ околу 180 милиони евра, а сега се појави информација дека претседателот на Реал, Флорентино Перез го измамил неговиот колега од Барселона, Жоан Лапорта.

Ла Лига ги промени правилата за платите на играчите и така Барселона не можеше да му го продолжи договорот на Меси, а „Мундо Депортиво“ објави дека Перез намерно му давал утеха на неговиот колега, додека зад грб тргнал по потписот на Мбапе.

Првиот човек на Ла Лига, Хавиер Тебас не реагираше многу бурно на загубата на Меси затоа што очигледно знаел дека наскоро лигата ќе добие достојна и млада замена.