Перез најави нов бојкот на „Златната топка“


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Реал Мадрид и оваа година нема да учествува на церемонијата за доделување на „Златната топка“, која е закажана за 22 септември. Шпанскиот клуб избра да продолжи со бојкотот на настанот, како што направи и претходната година.

Според шпанските медиуми, ваквата одлука произлегува од незадоволството по резултатите од гласањето во 2024 година, кога наградата му беше доделена на Родри од Манчестер Сити. Во редовите на „кралевите“, тогаш мислеа дека Винисиус Жуниор заслужува признанието за најдобар, што предизвика значајни реакции.

Флорентино Перез, претседателот на клубот, сè уште не се има помирено со таквиот исход, па по негова насока, Реал Мадрид повторно ќе ја игнорира овогодинешната церемонија.