Од семејна традиција до модерен бренд ↓↓↓
Флорентино Перез минатото лето одби да го доведе младиот француски дефанзивец Лени Јоро. Талентираниот стопер му беше премногу скап, но не и на Манчестер Јунајтед, кој на крајот плати нешто повеќе од 60 милиони евра за овој фудбалер. Историјата сега се повторува во случајот со Дин Хујсен.
Шпанскиот репрезентативец Дин Хујсен нема да го засили Реал Мадрид во летниот трансфер период. Кралевите се откажаа од 20-годишниот дефанзивец поради цената.
Одличниот млад дефанзивец игра врвна сезона во редовите на Борнмут. Привлече огромно внимание врз себе, и на неговата врата тропнаа најголемите европски клубови.
Меѓу нив беше и Реал. Младиот фудбалер јасно ја изрази желбата да потпише за кралскиот клуб, но од тоа нема да биде ништо.
Причината е претседателот на клубот Флорентино Перез. За него 58 милиони евра за Хујсен се премногу и се откажа од доведувањето на овој фудбалер.
Фото: Реал Мадрид/ФБ